Дома Фудбал Инзаги ги израдува навивачите – најави добри вести пред реваншот со Барселона!

Инзаги ги израдува навивачите – најави добри вести пред реваншот со Барселона!

Шефот на стручниот штаб на Интер Симоне Инзаги е оптимист кога станува збор за здравствената состојба на играчкиот кадар пред реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на Шампионите против Барселона.

Клучни играчи под знак прашање за „нераѕурите“ се аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез и францускиот дефанзивец Бенѕаман Павар, а 49-годишниот италијански стручњак навести дека можеби ќе може да смета на нив.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Мартинез се повреди во првото полувреме на натпреварот на Монжуик, кој заврши со резултат 3:3, додека Павар го повреди зглобот пред гостувањето во Шпанија.

„Мотивацијата е клучна, но мора да сметате и на тоа како се чувствуваат лично. Павар вчера (недела) нешто работеше со групата. Чувството е добро. Лаутаро е надвор од тимот од среда, но сигурно ќе работи нешто со нас, па ќе ја донесеме вистинската одлука по разговорите со него и стручниот штаб“, објасни Инзаги за италијанскиот Скај спорт.

Она што би можело да го загрижи е враќањето на Роберт Левандовски на терен бидејќи Барселона потврди дека полскиот напаѓач е на списокот за патници за Милано.

Реванш натпреварот на „Џузепе Меаца“ е на програмата во вторник од 21 часот.

Фото: Inter/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан успеа со пресврт да слави во Џенова

Фудбалерите на Милан ја победија Џенова на гостински терен (1:2) во последниот натпревар о…