Дома Фудбал Интер продаде на Аталанта играч кој го купи ова лето

Интер продаде на Аталанта играч кој го купи ова лето

Екипите на Интер и Аталанта постигнаа договор за трансферот на левиот бек Никола Залевски во тимот од Бергамо, објавуваат италијанските медиуми. Зделката е со вредност од околу 17 милиони евра.

Интересно е дека на почетокот од ова лето Интер го купи Залевски од Рома за 6,3 милиони евра.

Ова се случи откако зимата, полскиот репрезентативец се присоедини кон „неаразурите“ првично на позајмица, проценета на 600 илјади евра.

Играчот кој ја мина школата на римјаните, 23-годишниот, запиша само 17 натпревари со 1 гол и 1 асистенција за миланскиот гигант. За „волците“ пак, има вкупно 123 натпревари со 2 голови и 9 асистенции.

Продажбата на Залевски значи дека за околу месец и пол, тој донесе добивка на Интер од околу 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…