Дома Фудбал Интер официјално го врати српскиoт репрезентативец, избран за најдобар млад играч во Белгија

Интер официјално го врати српскиoт репрезентативец, избран за најдобар млад играч во Белгија

Интер официјално објави дека ја искористи клаузулата за обратно откупување, за повторно да го доведе Александар Станковиќ од Бриж. Според информациите, „нероазурите“ платиле 23 милиони евра на белгискиот клуб за 20-годишниот играч за врска.

Фудбалерот, кој е син на легендата на Интер, Дејан Станковиќ, беше доведeн од италијанските шампиони во 2022 година, а потоа беше даван под наем на Луцерн и Бриж.

Станковиќ беше важен дел од составот на белгискиот клуб со 9 гола и 5 асистенции во вкупно 55 натпревари. Бриж стана шампион на Белгија за 20-ти пат минатата сезона, а Србинов беше избран за најдобар млад играч во првенството.

Станковиќ, исто така, има и 8 натпревари и 1 гол за репрезентацијата на Србија, а синоќа играше во натпреварот против Мексико кој заврши со убедлив пораз од 1:5 во пријателски меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убава слика од Прилеп: Новата Победа пред речиси полн стадион тргна со убедлив триумф!

Во Прилеп можеше да се види убава сцена новоформираната ГФК Победа која не е поврзан со ст…