Дома Фудбал Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така бразилецот стана второ ново засилување на миланскиот гигант по доаѓањето на дефанзивниот играч за врска Петар Сучиќ, додека финалистот на Лигата на шампионите ќе може да го користи уште на Светското клупско првенство.

Сумата на договорот е 22 милиони евра со бонуси од дополнителни 3 милиони евра. Договорот на играчот е до летото 2030 година со плата од 2,5 милиони евра годишно. Иако во Марсеј беше користен како крило, очекувањата се во новиот тим на 23-годишниот фудбалер да игра како десен бек, а негов конкурент за позицијата да биде Денцел Думфрис.

Покрај тоа, тој може да игра и на левата страна, а во изјавата за трансферот „нераѕурите“ ги истакнаа неговата брзина и дриблинг.

За скоро пет години во Марсеј, во кои имаше и период како позајмен во Ботафого, Енрике одигра вкупно 108 натпревари со 11 гола и 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како гром од ведро небо – Артета договори засилување за Арсенал!

Арсенал договори ново засилување за претстојната сезона, а станува збор за францускиот гол…