Дома Фудбал Интер Мајами со пресврт до полуфинале: Меси погоди од слободен удар додека голманот не беше наместен (Видео)

Интер Мајами со пресврт до полуфинале: Меси погоди од слободен удар додека голманот не беше наместен (Видео)

Фудбалерите на Интер од Мајами се пласираа во полуфиналето на Конкакаф Купот на шампионите, откако ноќеска во реваншот на свој терен го победија Лос Анџелес со 3:1.

Во првиот натпревар Лос Анџелес победи со 1:0, а во реваншот поведе со голот кој во деветтата минута го постигна Арон Лонг.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во 31. минута беше поништен голот на Лионел Меси, а четири минути подоцна еден од најдобрите фудбалери на сите времиња изедначи. 

Аргентинецот потоа асистираше на Ное Ален за водечкиот гол во 61. минута. На нивниот соиграч Луис Суарез шест минути подоцна му беше поништен голот поради офсајд, а победата ја обезбеди Меси во 84. минута со гол од пенал. 

Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен и по сомнителните одлуки на судиите. Имено, гостинскиот тим се жалеше кај голот на Меси од слободен удар, бидејќи судијата не даде знак, Аргентинецот ја искористи невнимателноста на живиот ѕид додека голманот го поставуваше. 

. Фото: Inter Miami CF
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар со гол од пенал во 97. минута ја урна храбрата Брера (Видео)

Фудбалерите на Брера, одиграа одличен натпревар на гости кај Вардар во Скопје, но на крајо…