
Интер и Рома сериозно разгледуваат голема зделка што би можела да го одбележи летниот трансфер период во Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според пишувањето на угледната Газета дело Спорт, двата италијански гиганти преговараат за потенцијална размена во која Давиде Фраттези би завршил во Рома, додека Ману Коне би се преселил во Милано.
Целата приказна добива дополнителна тежина поради финансиските проблеми на Рома и потребата клубот да оствари капитална добивка до крајот на јуни за да ги задоволи правилата на финансискиот фер-плеј.
Затоа Коне би можел да биде жртвуван, иако францускиот играч од средниот ред е еден од најважните играчи на римскиот тим.
Според извори, Интер го гледа Коне како апсолутен приоритет во средниот ред уште од минатото лето, а интересот на Нераѕурите сега повторно е активиран.
Рома го оценува францускиот фудбалер на околу 50 милиони евра, додека вредноста на Фраттези е поставена на околу 25 милиони.
Поради тоа, зделката би била структуирана преку две одделени операции, што би им помогнало на двата клуба финансиски да го завршат трансферот и да ги подобрат билансите.