
Интер е подготвен да му понуди договор на голгетерот од Лил, Џонатан Дејвид, чиишто договор со сегашниот клуб истекува на крајот од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се смета дека конкуренцијата за потписот на напаѓачот е голема, при што Јувентус, Барселона и Арсенал се меѓу клубовите кои водат преговори со неговите претставници.
„Нераѕурите“ исто така се во контакт со окружувањето на 25-годишниот играч, и сега се подготвени и со конкретна понуда. Станува збор за договор до летото на 2030 година со плата од 5 милиони евра по сезона. Не е јасно дали оваа сума ќе биде доволна, бидејќи во минатото имало шпекулации дека канадскиот репрезентативец сака награда од 9 милиони евра, како и провизија за своите агенти во висина од 10 милиони.
Токму толкава е и платата на најскапо платениот играч на Интер – капитенот Лаутаро Мартинес. Покрај тоа, клубот има и други цели за нападот како Сантиаго Кастро од Болоња.