Дома Моторспорт Инцидент во Мото ГП: Возачот излета од патеката, а мотоциклот за малку ќе го разнесеше камерманот (Видео)

Инцидент во Мото ГП: Возачот излета од патеката, а мотоциклот за малку ќе го разнесеше камерманот (Видео)

На патеката Балатон во Унгарија се случи драматична ситуација за време на викендот МотоГП, што повторно го отвори прашањето за безбедноста.

За време на квалификациите, KTM на Педро Акоста ја изгуби контролата во осмата кривина и излета во чакалот, а моторот, откако беше испуштен од возачот, буквално налетал кон камерите покрај патеката.

Снимателот за миг успеал да избегне директен удар, што го направи настанот уште позастрашувачки бидејќи се случи пред полни трибини.

Инцидентот ги шокираше сите присутни, но и отвори жестока расправа меѓу возачите и експертите кои веќе неколку дена предупредуваат дека „Балатон паркот не е патека за MotoGP“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Незгодата на Ферстапен го „замрзна“ Зандворт: Видете што му се случи на домашниот херој (ВИДЕО)

Големата награда на Холандија донесе драматични сцени уште во раната етапа на трката, отка…