Дома Фудбал Играше за Тотенхем, сега ја заврши кариерата на 26 години за да стане фотограф

Играше за Тотенхем, сега ја заврши кариерата на 26 години за да стане фотограф

Долгогодишниот чувар на мрежата на Тотенхем, Алфи Вајтман (26), неочекувано ја заврши својата фудбалска кариера, и тоа додека уште не го достигна нејзиниот врв, а сето тоа за да се посвети на новата професионална патека.

Вајтман, што е дел од Тотенхем од млади години, немаше многу можности да биде активен на теренот. Главно настапуваше во куп натпреварите, иако поштено кажано можеше да се испроба во клубови од пониски рангови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, тоа повеќе не го задоволуваше. Одлучи да истражува други интереси, запиша часови по актерство и режија и се вљуби во фотографијата.

Младиот голман не доби нов договор од Тотенхем по истекувањето летото што измина, па реши да стави крај на кариерата. Сега е фотограф и признава дека како професионален фудбалер не бил среќен.

“Потпишав за Тотенхем на 10 години. Потоа, заминав од училиште на 16, целосно посветувајќи се на фудбалот. Кога имав 17 или 18 и живеев во приватен сместување, почувствував: ‘Ова ли е тоа?’. Влегував во микроавтобус, одев на тренинг, полагав испити по спортски науки и потоа играв видеоигри дома. Тогаш сфатив: ‘О, не сум среќен одамна’“, открива Вајтман за Athletics.

Тврди дека стереотипите за фудбалерите се навистина точни, и дека и тој бил натеран да копнее по торба од Гучи и Мерцедес.

“Сите ние сме одраз еден на друг. Ти си производ на околината и таков е фудбалот во оваа земја. Целиот процес е изолиран од сѐ друго”, додава неисполнетиот Вајтман.

Освен за Тотенхем во кој помина 16 години, тој два пати беше на позајмица во шведскиот Дегерфорс, каде имаше повеќе можности за настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски жестоко ги критикуваше судиите во БиХ: Вакво нешто не сум видел никаде на друго место!

Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски, кој настапува за Сараево, јавно проговори за сла…