Дома Фудбал И Романо потврди, Бразилецот го напушта Реал, причината е – Карло Анчелоти

И Романо потврди, Бразилецот го напушта Реал, причината е – Карло Анчелоти

Денеска пристигна нова потврда и тоа од Фабрицио Романо – Ендрик го напушта Реал Мадрид во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот се наоѓа во немилост на Чаби Алонсо, па Романо истакна дека Бразилецот бара да замине за да се наметне кај Карло Анчелоти.

Италијанецот наводно му порачал на Бразилецот дека смета на него, на крај краишта, тој го доведе во Реал Мадрид, но нема да го води на Светското првенство ако целата сезона ја помине на клупата.

Ендрик за викендот се загреваше, но на крајот не беше меѓу замените против Хетафе, што наводно беше последниот знак дека било најдобро да замине и да ги пронајде неопходните минути на теренот.

Бразилецот има само 19 години и мора да одбере вистински клуб за да игра и да се наметне кај Карло Анчелоти пред почетокот на Светското првенство.

Оваа сезона сè уште нема забележано ниту една минута, иако, на почетокот на сезоната, Ендрик беше повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатни детали: Никој во Германија не сакал да го шутира последниот пенал! (Видео)

Џонатан Тах стана трагичар на Германија откако промаши клучен пенал во натпреварот против …