Дома Фудбал Светско првенство во фудбал И Полска остана без селектор по Мундијалот

И Полска остана без селектор по Мундијалот

Репрезентацијата на Полска играше во осминафиналето на неодамна завршеното Светско првенство во Катар, но тоа не беше доволно нивниот селектор Чеслав Михњевич да ја задржи работата.

Полскиот фудбалски сојуз денеска соопшти дека на 52-годишниот Мичњевиќ, чиј договор истекува на крајот на годината, нема да му биде продолжена соработката.

На Светското првенство во Катар, Полјаците беа во групата Ц заедно со светските шампиони Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија и стигнаа до нокаут фазата како второпласирани.

Во осминафиналето беа поразени со 3:1 од Франција, која се пласираше во финалето.

Михневич на полската клупа мина 11 месеци, откако во јануари годинава го наследи Португалецот Пауло Соуза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…