Дома Фудбал Хумелс: Со глупава и ужасна грешка го уништив сонот!

Хумелс: Со глупава и ужасна грешка го уништив сонот!

Фудбалерите на Рома синоќа не успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Лига Европа. Тие беа поразени од Атлетик Билбао на гости со резултат 3:1, па победата од 2:1 од Рим не им беше доволна.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Трагичарот за Рома во Баскија беше искусниот германски дефанзивец Мац Хумелс, кој доби директен црвен картон уште во 11. минута и така ги остави соиграчите на цедило да играат речиси цел натпревар со играч помалку против исклучително силен противник.

Хумелс знае дека овој момент беше пресуден, па им се извини на соиграчите и навивачите преку социјалната мрежа „X“.

Жал ми е. Сакам да им се извинам на навивачите и на соиграчите. Ги изневерив сите со грешка која беше само глупава и ужасна. Ова се натпревари во кои тимот треба да се потпре на мене, а јас погрешив и го уништив сонот за освојување на трофеј. Разочаран сум, како и сите“, напиша Хумелс.

Билбао во четвртфиналето ќе се соочи со Глазгов Ренџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победа за трофеј: Ал Хилал го освои Купот на Саудиска Арабија!

Фудбалерите на Ал Хилал триумфираа против Ал Холуд со 2:1 во финалето на Купот на Саудиска…