Дома Фудбал Хулк имаше слободен удар во 91-та. Голманот го остави без шанси

Хулк имаше слободен удар во 91-та. Голманот го остави без шанси

Бразилскиот напаѓач Хулк уште еднаш ги потсети фудбалските љубители на своите најдобри игри во бразилската лига Бетано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во 91-та минута од натпреварот на неговиот Атлетико Минеиро против Палмеирас, Хулк имаше можност да шутира слободен удар и ја искористи на најдобар можен начин. Моќно и прецизно ја упати топката во аголот од мрежата на Палмеирас.

Хулк го постигна и првиот гол за Атлетико, исто така од слободен удар, но и тоа не беше доволно за да се донесе бод од гостувањето. Лука Еванжелиста и Маурицио погодија за домаќините, а автоголот на Жуниор Алонсо им ја донесе победата. Хулк, кој има 38 години, ја завршува својата кариера во родната земја, и оваа сезона има забележано 15 гола во 29 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Холандија во регуларно време на Мундијал последен пат загубила пред 20 години!

Фудбалската репрезентација на Холандија е елиминирана од Светското првенство во фудбал кое…