Дома Фудбал Хит фотографија на интернет: Рамос пушти солза после петиот гол на Барселона?

Хит фотографија на интернет: Рамос пушти солза после петиот гол на Барселона?

Барселона вчера го декласира Реал Мадрид со 5:1 во едно од најголемите дербија на светот во рамките на 10. коло од шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб уште една му нанесе тежок пораз на лутиот ривал, а Кралевите на крајот го напуштија Камп Ноу со пет парчиња во мрежата. Реал Мадрид одамна не бил во ваква резултатска криза, бидејќи на последните пет натпревари забележаа четири порази.

Во центарот на вниманието најчесто беше капитенот на Реал, Серхио Рамос, а навивачите на социјалните мрежи тврдат дека пуштил солзи после петиот погодок на Барса.

Во 83. минута Артуро Видал погоди за конечни 5:1, а во центарот на вниманието се најде токму Рамос. Неговата фотографија кружи на интернет и навивачите веруваат дека заплакал поради тешкиот пораз од најголемиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…