Дома Моторспорт Херојскиот чин се претвори во трагедија: Победник на Дакар е во кома!

Херојскиот чин се претвори во трагедија: Победник на Дакар е во кома!

Французинот Матје Бомел, четирикратен победник на релито Дакар во улога на совозач на катарскиот пилот Насер ал Атија, доживеа тешка сообраќајна несреќа и моментално се наоѓа во вештачка кома.

Сè се случило минатата среда во вечерните часови, кога го видел искршениот автомобил на патот и застанал за да им помогне на луѓето во неволја.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


За жал, во тој момент ненадејно го удрил друг автомобил со кој управувала 73-годишна жена. Таа во несреќата добила полесни повреди, како и нејзиниот сопатник (70), но познатиот рели возач поминал многу полошо.

Бил при свест кога се случила сообраќајната несреќа, но лекарите во болницата го префрлиле во вештачка кома. Наводно, добил тешки повреди на двете нозе.

Бомел се смета за еден од најдобрите рели возачи, четири пати ја освоил релито Дакар, а последен пат во 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Нов фаворит се искачина врвот на почетокот на Ф1 сезоната

Новата сезона на Формула 1 наскоро започнува, а веќе се знае кој е според обложувањата гла…