Дома Фудбал Хаос во Јувентус – Влаховиќ доби казна!

Хаос во Јувентус – Влаховиќ доби казна!

Јувентус во претходното коло на Серија А претрпе болен пораз од Фиорентина, што дополнително ја комплицираше борбата на “старата дама” за пласман во Лигата на шампионите.

Атмосферата во тимот од Торино целосно ескалира, па нервозата од теренот се пренесе и на односите меѓу соиграчите.

За време на натпреварот дојде и до вербален конфликт помеѓу Душан Влаховиќ и Мануел Локатели, што дополнително го потресе тимот во најнезгодниот момент од сезоната. Во клубот таквото однесување не се подготвени да го игнорираат.

Поради инцидентот, раководството на Јувентус одлучи да ги казни финансиски обајцата играчи, додека избегнаа построги мерки како суспензии, со оглед на важноста која ја имаат во завршницата на првенството.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…