Дома Фудбал Хаос во Аргентина: Фудбалери се качија на трибини за да се тепаат со своите навивачи (Видео)

Хаос во Аргентина: Фудбалери се качија на трибини за да се тепаат со своите навивачи (Видео)

По поразот во финалето на Купот на Аргентина, фудбалерите на Велез Сарсфилд влегоа во конфликт со своите навивачи.

Велез Сарсфилд загуби од Сентрал Кордоба со резултат 0-1, а по натпреварот дојде до физичка пресметка меѓу фудбалерите на клубот и огорчените навивачи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Навивачите срамно ги навредуваа своите играчи, што не им се допадна на роднините и пријателите на играчите кои влегоа во вербален конфликт со поддржувачите на клубот. По расправата, навивачите нападнаа дел од членовите на семејствата на фудбалерите, па играчите мораа да реагираат. Неколку играчи веднаш скокнаа кон трибините за да ги одбранат своите најблиски и следеше општа тепачка.

Медиумите пренесуваат дека во жестоката пресметка биле повредени сопругите на двајца играчи – Сантјаго Касерес Халил Елиас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…