Дома Моторспорт Хамилтон победи во Унгарија и се израмни со Шумахер

Хамилтон победи во Унгарија и се израмни со Шумахер

Луис Хамилтон доминираше на патеката Хунгароринг и заслужено стигна до победа со која се израмни со легендарниот Михаел Шумахер.

Ова за Хамилтон беше осма победа на една патека, па се израмни со легендарниот Шумахер, кој осум пати се најде на највисокото место на подиумот на „Мањи Кур“ во Франција.

Британецот без никакви проблеми ја задржа позицијата која ја имаше уште од квалификациите иако патеката беше влажна и на почетокот сите влегуваа во бокс.

Вторто место му припадна на Макс Верстапен кој иако имаше проблеми во текот на трката се избори за одлична позиција на крајот. На подиумот заврши и Валтери Ботас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Пониква се подготвува за зимата: Пристигна лента за првите скијачки чекори

Новата скијачка лента треба да биде пуштена во употреба претстојната зима. Во тек е уредув…