Дома Моторспорт Хамилтон: Неверојатно е тоа што никогаш не сум возел за Ферари

Хамилтон: Неверојатно е тоа што никогаш не сум возел за Ферари

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон во неговата 14-годишна кариера возеше само Мекларен и Мерцедес, а во разговор за италијански „Скај“ раскажа дека за малку ќе завршел во Ферари.

Во 2019 година Хамилтон бил во преговори со италијанскиот тим, но не дошло до договор, па Британецот остана лво Мерцедес.

„Секогаш кога ќе дојдам во Монца помина пред навивачите и ги слушам повиците: Дојди во Ферари! Навистина е неверојатно што сите овие години никогаш не сум возел Ферари. Тоа е сон на секој од нас. Никогаш не сум имал вистинска можност им посакувам се најдобро, а јас ќе потрудам и понатаму да не бидат шампиони“, изјави Хамилтон.

Откри дека поседува Ферари во својата колекција.

„Таа црвена боја е посебна. Имам дома неколку модели на Ферари. Нив смеам да ги возам, но оној во Формула 1 сепак не“, истакна Британецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…