Дома Моторспорт Хамилтон му одговори на Верстапен: Секогаш се тркам жестоко, но пред се фер

Хамилтон му одговори на Верстапен: Секогаш се тркам жестоко, но пред се фер

Oткако Верстапен излета од патеката во трката за Големата награда на Велика Британија во првиот круг, Луис Хамилтон успеа да дојде до победата.

Верстапен кој во овој момент е лидер, a по трката го критикуваше Хамилтон кој ја славеше победата додека тој беше во болница.

„Мило ми е што сум добро. Разочаран сум од начинот на кој ја завршив трката. Казната која беше изречена нас не ни помага и не е праведна во однос на опасниот потег што Луис го направи. Тоа што од болница гледав како се радува е непочитување и неспортско однесување, но да одиме понатаму“,

После објавата на Верстапен следуваше и одоговор од Хамилтон.

„Денес бевме потсетени колку овој спорт е опасен. Му посакувам брзо закрепнување на Макс, кој е неверојатен ривал. Мило ми е што е добро, но јас ќе продолжам да се тркам жестоко и фер пред се. Сон за секого е да победи пред домашната публика“, порача Хамилтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…