Дома Моторспорт Хамилтон испиша историја, се израмни со Шумахер

Хамилтон испиша историја, се израмни со Шумахер

Британскиот Формула 1 возач, Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда возена на „Нирбургринг“ иако стартуваше од втората позиција.

Британскиот возач ја запиша 91. победа во историјата на Ф1 и така го израмни рекордот на Шумахер, па следниот викенд ќе има можност да го надмине легендарниот Германец.

Позицијата на Хамилтон не беше загрозена во целата трка, откако изби на лидерската позиција, па Макс Ферстапен со Ред Бул мораше да се задоволи само со втората позиција.

Место на подиумот имаше за Даниел Рикардо. Од четвртата позиција следуваа Серхио Перез, Карлос Саинц, Пјер Гасл, Шарл Леклер и Нико Хулкенберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Тешки падови на Филип Ајленд, Маркез го украде врвот во финишот

Марк Маркез беше најбрз на првиот тренинг во Австралија, со само 0,048 секунди предност пр…