Дома Моторспорт Хамилтон е најбрз на вториот тренинг во Абу Даби

Хамилтон е најбрз на вториот тренинг во Абу Даби

Светскиот шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон оствари најдобро време на денешниот втор тренинг во пресрет на трката за ГН на Абу Даби.

Хамилтон оствари време од една минута и 37,877 секунди, односно беше за 0,149 секунди побрз од возачот на Ферари, Себастијан Фетел.

„Релативно сме блиску и тоа ми се допаѓа. Беше ова добар петок, но среќен сум што е последен во оваа сезона“, истакна Хамилтон.

Трето време имаше возачот на Ред Бул, Данијел Рикиардо.

Третиот тренинг е на програмата утре од 11:00 часот, додека од 14:00 ќе се возат квалификациите.

Последната трка во овогодинешниот шампионат стартува во недела од 14:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

ФИА стави рампа: Нема посебни фелни за квалификации во Ф1

Од 2027 година тимовите нема да смеат да менуваат спецификација на фелните меѓу квалификац…