Дома Фудбал Халанд беше запрашан дали некогаш ќе заигра за Реал или Барса, еве што одговори

Халанд беше запрашан дали некогаш ќе заигра за Реал или Барса, еве што одговори

Ерлинг Халанд (24) неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити и се обврза да остане на „Етихад“ до летото 2034 година.

Брилијантниот норвешки напаѓач, кој се поврзува со Реал Мадрид и Барселона, тврди дека не размислувал двапати откако му бил понуден невообичаено долг престој во клубот.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Таткото на Ерлинг, Алфи рече дека би сакал да остане во друг клуб и лига три или четири години за да стекне што повеќе искуство. Со тоа ќе има полесна можност за заминување до нова дестинација.

Ова им даде надеж на Барселона и Реал Мадрид дека можат да го доведат, потсетуваат англиските медиуми, но таа надеж сега речиси и да ја нема. Халанд беше замолен да ги коментира зборовите на неговиот татко.

“Така рече тој, не јас. Кога дојдов во Сити, се чувствував како дома. Навистина го мислам тоа. Среќен сум и моето семејство е среќно, и тоа е она што го сакав. Луѓето со кои разговарав. „Ме убедија дека останувањето овде е најдоброто решение. И со нетрпение ги очекувам годините што доаѓаат“, изјави Халанд.

Тој беше директно прашан и дали тоа значи дека нема да игра за Реал или Барселона.

“Штотуку продолжив за девет години. Што сакате да ви кажам? Среќен сум. Многу сум среќен со одлуката што ја донесов. Одлуката беше лесна”, одговори тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид поради Перез останува без уште едно големо засилување?

Летово беше тоа Лени Јоро, а сега е – Алфонсо Дејвис. Уште една совршена мета за тим…