Дома Фудбал Гвардиола за Јамал: Самите споредби со Меси се големи зборови

Гвардиола за Јамал: Самите споредби со Меси се големи зборови

Менаџерот на Манчестер Сити Жосеп Гвардиола е убеден дека суперталентот на Барселона Ламин Јамал треба да биде оставен да се развива, иако веќе се споредува со легендарниот Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Мислам дека Јамал треба да биде оставен да ја развие својата кариера. Кога ќе има одиграно 15 години, ќе кажеме дали е подобар или полош од Меси. Оставете го да си ја развие кариерата. Самото тоа што го споредуваат со Меси, тоа се големи зборови. Како да споредувате еден уметник со Ван Гог. Ќе речат: ‘Вау, не е лош, тоа значи дека е добар’. Самите споредби значат дека тој е добар. Но треба да го оставиме да ја развие својата кариера и ќе видиме што ќе се случи. Да, тој е многу добар, но споредбите со Меси се големи зборови. Тој даваше по 90 голови во сезоната 15 години без прекин и без повреди. Затоа, тоа се големи зборови и оставете го Јамал на мира“, коментира Пеп Гвардиола во интервјуто за шпанското издание на GQ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…