Дома Фудбал Гвардиола во очај: Ми треба екипа со 40-50 фудбалери!

Гвардиола во очај: Ми треба екипа со 40-50 фудбалери!

Манчестер сити пред “Боксинг деј” се наоѓа на седмото место на табелата во Премиер лигата, со 12 бода заостанување зад водечкиот Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сити доживеа три последователни порази, а пошироката слика покажува дека на последните 11 натпревари имаат забележано дури девет порази.

Шансата да го прекинат лошата серија „граѓаните“ ќе ја имаат на 26 декември против Евертон.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола откри дека тимот ќе тренира на Бадник и Божиќ.

Причината е токму натпреварот против „сините“ од Ливерпул. Каталонецот потоа се пожали на густата програма.

„Имаме повеќе повреди од кога било и размислував дека ми е потребен тим од 45 до 50 играчи. Тоа би била поскапа варијанта, што ќе се почувствува летото, но можеби е потребна бројност во играчкиот кадар. Програмата е проблем, не физиотерапевтите, лекарите, ни играчите“, рече Гвардиола .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светскo првенство 2026: Еве кој се пласираше и кои се паровите за нокаут фазата

Светското првенство, чиј домаќини се САД, Канада и Мексико, го достигна завршниот дел од г…