Дома Фудбал Гвардиола потврди: Во Сити пристигнува фудбалерот на Барселона

Гвардиола потврди: Во Сити пристигнува фудбалерот на Барселона

Каталонецот, Пеп Гвардиола потврди дека ќе го донесе младиот фудбалер кој досега настапуваше за Ла Масија.

Момчето кое произлезе од младинската школа на Барселона, Ерик Гарсија, е новото засилување на Манчестер Сити.

Овој трансфер и официјално од Пеп Гвардиола.

„Имам многу добри извештаи за него. Никогаш не сум го гледал, но им верувам на луѓето кои се воодушевени од неговата игра. Сакаше да направи чекор во својата кариера, ние ќе му дадеме шанса за тоа“, истакна Гвардиола.

Манчестер Сити го плати Гарсија приближно 1,7 милиони евра. Инаку за потсетување тој има 16 години и игра на позиција стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси повторно гледа кон Брајтон: Ајари е новата трансферна цел

Јасин Ајари се поврзува со преселба во Челси, додека преговорите за нов договор со Брајтон…