Дома Фудбал Гвардиола остана без Аргентинецот за продолжение на клупското СП

Гвардиола остана без Аргентинецот за продолжение на клупското СП

Фудбалерот на Манчестер сити, Клаудио Ечевери, веројатно ќе го пропушти остатокот од Светското клупско првенство откако го повреди скочниот зглоб во победата од 6-0 над Ал-Аин, изјави тренерот на англискиот премиерлигаш Пеп Гвардиола.

Деветнаесетгодишниот аргентински репрезентативец постигна гол од слободен удар во победата со која Сити обезбеди пласман во нокаут фазата од Светското клупско првенство во неделата, но не можеше да продолжи по првото полувреме поради повреда.

„Има некои проблеми со скочниот зглоб. За жал, нема да може да игра два или три недели. Многу ми е жал за него, на сите ни е жал”, изјави Гвардиола пред новинарите пред последниот натпревар од групата Г против Јувентус во четврток.

Фото: Грок Аи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди: Ќе го оставиме срцето на терен, овој стадион е наш дом!

Капитенот Енис Барди присустввуваше на денешната прес-конференција пред утрешниот натпрева…