Дома Фудбал Гвардиола: Никој не може да направи тоа што го може Де Брајне

Гвардиола: Никој не може да направи тоа што го може Де Брајне

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше полн со импресии од изведбата на Кевин Де Брајне (33).

Лидерот на екипата одигра една од најдобрите натпревари на сезоната, постигна гол од слободен удар, забележа асистенција, погоди и статива, сето тоа во победата над Палас по пресвртот – од 0:2 до 5:2.

„Никој не може да го прави тоа што го прави Де Брајне. Ова беше еден од оние натпревари што Де Брајне ги прикажуваше многу пати, многу години наназад. За жал, во последните 18 месеци не ги прикажуваше многу пати затоа што беше повреден, имаше операција, но денес беше одличен. Огромна е благодарноста што му ја должам“, изјави Пеп Гвардиола по натпреварот.

Було: Manchester City/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Серена за Волтемаде: Не е брз, но му одговара на стилот на Спалети

Алдо Серена смета дека Ник Волтемаде има квалитет да се вклопи во играта на Јувентус, иако…