Дома Фудбал Гвардиола: Ние сме сè полоши, не можам да најдам решение!

Гвардиола: Ние сме сè полоши, не можам да најдам решение!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не може да поверува како неговиот тим прокоцка победа во градското дерби.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ водеа на „Етихад“ до 88. минута, но за само две минути примија два гола и останаа без бодовите.

Шпанскиот тренер делуваше разочарано по натпреварот, а неговите играчи беа „уништени“, особено Матеус Нунес поради пеналот.

„За жал, вакви работи почнаа пречесто да ни се случуваат оваа година. Не играме добро како што треба. Порано сè одеше така лесно, сега се мачиме од различни причини. Ова се многу порази. Се вложивме сè и натпреварот беше скоро затворен. Ова не е вина на еден играч. Ова дефинитивно е тешка сезона за нас„, кажа Гвардиола.

Статистиката е катастрофална. Дури осум порази во последните 11 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…