Дома Фудбал Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја минува својата деветта сезона и со кој е актуелен шампион на Англија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој на прес-конференција рече дека ќе остане во клубот дури и ако ФА одлучи да го исфрли од лигата поради прекршување на финансиските правила.

„Тоа го кажав пред шест месеци. Имате мои интервјуа. Секогаш кога некој клуб е обвинет за нешто лошо, секогаш се поставува прашањето што ќе се случи ако испадне. Не знам на каква позиција ќе не стави, можеби ќе не спуштат и до петта лига, но ќе се вратиме“, рече Пеп на прес-конференцијата.

“Зошто потпишав? Поради времето, хахаха”, се пошегува тренерот на Сити, а потоа продолжил со сериозен тон. “Не сакам следната сезона наесен да зборувам за Пеп и дали тој повторно ќе го продолжи договорот. Не сакам повторно да се ставам во таа позиција. Можеби сум арогантен, но мислам дека заслужувам да останам да работам поради се што направивме во последните години“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …