Дома Фудбал Гвардиола: Ако изгубиме од Арсенл, готово е!

Гвардиола: Ако изгубиме од Арсенл, готово е!

Манчестер Сити и Арсенал ќе се соочат во недела во 17:30 часот во најважниот натпревар од Премиер лигата оваа сезона. Топџиите, кои се на првото место на табелата, ќе гостуваат на стадионот Етихад и ќе се обидат да ја задржат предноста пред второпласираниот Сити. Разликата на табелата изнесува седум бода, но Сити го победи Арсенал пред еден месец во финалето на Карбао купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Ако загубиме од Арсенал, сè е завршено”, рече тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата. Потоа, новинарите го прашаа дали ќе игра исто како во споменатото финале на Карбао купот. Шпанскиот тренер се насмевна и рече: “Ќе го промениме планот. Сега ќе ви кажам сè што ќе правиме”. Секако, не откри ништо.

Арсенал во средата го осигура своето место во полуфиналето на Лигата на шампионите. Но, во првенството забележа пораз на домашен терен од Борнмут што ја искомпликува ситуацијата. Сити му се приближи на шест поени, но има еден натпревар помалку. Арсенал во последните пет натпревари има само една победа и дури три порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…