
Илкај Гундоган летото 2023 година потпиша за Барселона, но остана во каталонскиот клуб само една година, по што се врати во Манчестер Сити. Германецот тогаш не сакаше многу да зборува за тоа, но сега одлучи да објасни што се случи и зошто толку брзо го напушти Барселона.
Гундоган по седум одлични сезони реши да го напушти Манчестер Сити летото 2023 година по истекот на договорот и замина во Барселона без отштета.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Искусниот германски репрезентативец со Барселона потпиша двегодишен договор и минатата сезона покажа дека добија со квалитетно засилување.
Гундоган во таа сивила на Барселона минатата сезона беше веројатно најдобриот играч и поради тоа многумина беа шокирани кога по само една година го напушти клубот и се врати во Манчестер Сити.
Иако со договор беше врзан за Барселона тој бесплатно се врати на Етихад бидејќи беше потпишан раскин на соработката. За тоа Гундоган тогаш не сакаше да зборува, но сега објасни што се случувало минатото лето.
Призна дека очекувал да биде важен дел од тимот на Ханзи Флик, но брзо сфатил што се случува.
“Ханси Флик и јас секогаш добро се разбиравме. По летната пауза се чувствував мотивиран што повторно ќе играм под негово водство. Очекував повеќе комуникација, но тоа не се случи. Изгледа дека Барселона едноставно имаше други планови,” рече Гундоган.
Сфатил дека во Барселона барале начин да се ослободат од него поради финансиски проблеми, а тој со господска постапка се согласил да си замине без никакви приговори.
“Секогаш сонував дека еден ден ќе играм за Барселона и на крајот ми се оствари тој сон. Сепак, почувствував дека е подобро да го напуштам клубот. Мислам дека и самиот клуб така се чувствуваше, главно поради финансиски причини. Не сакав да останам во Барселона само поради мојот договор и да создадам дополнителни проблеми.”
Исто така, истакна дека неговата сопруга тоа лето кажала клучна работа поради што на крајот се вратил во Манчестер Сити.
“За време на летото, мојата сопруга во еден момент рече да го повикам Гвардиола. Тоа го кажа на шега, но имаше и сериозност во нејзините зборови. Наредниот ден го повикав и Пеп веднаш ми рече дека би сакал да ме има во тимот. Сега се чувствувам навистина пријатно во Манчестер Сити.”
Гундоган на крајот за Барселона одигра вкупно 51 натпревар и успеа да постигне пет гола и да додаде уште 15 асистенции.
Оваа сезона за Манчестер Сити на 47 настапи дал само два гола и забележал пет асистенции. Со Граѓаните има договор за уште една година.
Фото: Manchester City/X