Дома Фудбал Гринвуд го плукнал фудбалерот на Астон Вила?! (Видео)

Гринвуд го плукнал фудбалерот на Астон Вила?! (Видео)

Обичен пријателски натпревар, ќе помислите, кога играат Марсеј и Астон Вила. Сепак, на теренот се случи вистински хаос.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Марсеј ја совлада Астон Вила со 3:1, а се разбира дека и овојпат се работи за Мејсон Гринвуд кој направи инцидент..

Англиските медиуми го обвинија дека го плукнал Амаду Онана.

“На видеото кое се појави на социјалните мрежи, се гледа како Гринвуд одолева на стартовите на противничкиот двоец Еми Буендија и Алекс Морено пред да го направи фаул врз Амаду Онана. Додека стоперот на Вила Тајрон Мингс се приближува да интервенира, Гринвуд се соочува со Онана и се чини дека плука во правец на Белгијецот”, се наведува во “Мирор”.

Онана гестикулираше дека е плукнат, го избриша лицето, а потоа дојде до тепачка на теренот.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Вилјам Салиба е здрав и ќе може да учествува во пријателскиот натпревар на Франција пред М…