Дома Фудбал Готово: Серхио Рамос го избрал новиот клуб!

Готово: Серхио Рамос го избрал новиот клуб!

Еден од најдобрите стопери на 21 век, веројатно еден од најдобрите на сите времиња, симбол на доминацијата на Реал Мадрид – Серхио Рамос ја продолжува кариерата во Мексико.

Шпанскиот дефанзивец веќе потпиша преддоговор со Монтереј, а денес се очекува да го стави потписот на договорот со тимот кој минатата сезона беше втор во мексиканската лига.

Откако го напушти Реал, играше за ПСЖ и ја одработи сезоната во клубот каде што ја започна кариерата, Севиља, фудбалерот кој за еден месец ќе наполни 39 години, сè уште не е подготвен да се збогува со фудбалот.

Се споменуваа некои клубови од Серија А и од МЛС, но на крајот “Раједос” беа најконкретни.

Интересно е што во Монтереј веќе го чекаат два поранешни соиграчи од Севиља, Оливер Торес и Аргентинецот Лукас Окампос, додека во тимот е и неговиот некогашен соиграч од Реал, Серхио Каналес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бензема може да ја заврши кариерата поради историскиот договор во Саудиска Арабија

Француски L’Equipe во неделникот презентира навистина интересна приказна за иднината…