Антони (24), десно крило на Манчестер Јунајтед, заминува до крајот на сезоната во Бетис. Позајмицата е на шест месеци без можност за откуп. Бразилецот ќе се врати во Јунајтед во јуни. Сè е договорено помеѓу сите страни и останува само играчот да го помине медицинскиот преглед во својот привремен клуб. Ова го потврдува Фабрицио Романо, означувајќи го како „Here we go!“, знак дека трансферот е практично завршен. Најдоверливиот извор за трансфери потврди дека Јунајтед барем до крајот на сезоната ќе се ослободи од најскапото засилување во историјата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Антони беше купен летото 2022 од Ајакс за дури 95 милиони евра отштета, со плата од еден милион евра месечно. Во две и пол години во Јунајтед, Антони на 96 настапи постигна 12 гола, а пет пати асистираше. Неговиот учинок е мизерен во споредба со тоа колку клубот плати за него. На пример, во оваа сезона настапи само 14 пати, од кои само трипати беше стартер. Единственото остварување му е голот против третолигашот Барнсли во првата рунда од Лига Купот.
Договорот со Јунајтед му е до летото 2027 година, но клубот на него веќе подолго време не смета. Сака да го продаде, но слабата форма на Антони и високата плата ги одбиваат потенцијалните купувачи. Дури и Бетис се согласи да го земе само на позајмица, и тоа така што Јунајтед до крајот на позајмицата покрива поголемиот дел од платата на Антони.