
„Игор Тудор е ослободен од должноста“, беше сè што беше објавено на профилот на „Sky Sport Italia“ на „X“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пораката е доволно јасна:
„Игор Тудор е сменет“.
„Бјанконерите“ вчера искусија нов пораз, сега од Лацио во Серија А. Ова е трет последователен пораз за тимот од Торино, кој веќе осми натпревар во низа не знае за победа.
Јувентус последен пат се израдува на успех во „Дербито на Италија“ со Интер, одиграно на 13-ти септември. Од тогаш па наваму, собра само пет од можни 24 бодови во првенството и Лигата на шампионите.
Иако Јувентус веќе не е истиот како во догледната историја, овој резултат е далеку од репутацијата на клубот и некој требаше да ја плати цената за таквите резултати..