Дома Фудбал Готово: Џејми Варди пристигнува во Серија А!

Готово: Џејми Варди пристигнува во Серија А!

Легендарниот напаѓач Џејми Варди си замина од својот Лестер по цели 13 години и ќе се обиде во нова авантура во друг клуб – Кремонезе!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанскиот клуб успеа да го убеди слободниот Варди дека Италија е најдобриот избор за него и на крајот се постигна договор.

Варди потпиша договор до летото 2026 година, со можност за продолжување на договорот за уште една година, под услов Кремонезе да остане во највисоката лига.

Варди ќе остане запаметен како легенда на Лестер, за кој од 2012 година одигра точно 500 натпревари, постигна 200 голови и оствари 71 асистенција. Ќе се памети како еден од столбовите за освоената титула во 2016 година.

Инаку, Кремонезе оствари одличен старт на новата сезона со шест бодови по два одиграни кола.

Варди првпат ќе настапи по репрезентативната пауза во натпреварот против екипата на Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…