Дома Фудбал Голманот на ПСЖ ја изневерил сопругата, ќерката ќе ја гледа двапати годишно

Голманот на ПСЖ ја изневерил сопругата, ќерката ќе ја гледа двапати годишно

Чуварот на мрежата на Пари Сен Жермен, Матвеј Сафонов, ќе ја има можноста да ја гледа ќерката Маја само два пати годишно, по бурниот развод од сопругата Анастасија.

Сафонов ја тужеше својата поранешна сопруга, која речиси година и пол му оневозможуваше средби и телефонски контакти со ќерката. Голманот побара од судот право за викенди и празници како и можност да патува со неа во странство.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дополнително, бараше дозвола за телефонски разговори двапати неделно во работни денови од 17:00 до 20:00 часот, како и обврска за Анастасија да ги почитува овие барања.

Одлуката на судот го изненади, бидејќи му беше забрането да ја однесе ќерката во странство и да поминува повеќе од еден последователен ден со неа.

Сега ќе има можност да биде со ќерката само два пати во годината: на нејзиниот роденден на 18 јуни и за Нова година на 31 декември.

Дополнително, ќе може да се сретне со неа на својот роденден, 25 февруари, и тоа во времетраење од два часа, од 9:00 до 11:00 часот, но само во присуство на неговата поранешна сопруга. Телефонски контакти ќе може да има секоја втора сабота од месецот, од 10:00 до 12:00 часот.

Инаку, рускиот репрезентативен голман се најде во голем скандал во 2021 година кога ja изневери сопругата Анастасија со стјуардесата Марина Кондратјук, само неколку месеци по раѓањето на ќерката Маја.

Фото: Инстаграм
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе потроши 100 милиони евра за двајца фудбалери на Барселона

Според објавата од „Fichajes“, Ливерпул е подготвен да ги потпише двајцата играчи на Барсе…