Дома Фудбал Голманите бесни поради новата топка во Премиер лигата: Ужасна е!

Голманите бесни поради новата топка во Премиер лигата: Ужасна е!

Пума е новиот официјален снабдувач на топки за Премиер лигата откако 25-годишниот договор со Најк заврши претходната сезона. Меѓутоа, новата верзија на официјалната топка веќе предизвика големо незадоволство кај голманите во англиската Премиер лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Уште во првото коло на Премиер лигата, голманите на Јунајтед и Челзи, Алтај Бајиндир и Роберт Санчез, на своја кожа ги почувствувале негативните аспекти на новата топка.

“Повеќе личи на одбојкарска топка и така се движи низ воздухот. Најковата не беше таква. Имам една дома за да се навикнам на неа. Исклучително е лизгава и тешко е да се ракува со неа. Ќе има многу грешки оваа сезона”, изјавија голманите.

Според нивните зборови, новата топка очигледно е направена за напаѓачите, но и тие имаат потешкотии со нејзината контрола во одредени ситуации.

Друг голман од Премиер лигата истакна дека топката дефинитивно не е направена за голмани.

“Мислам дека е ужасна. Не можете правилно да ја фатите, особено ако е нова, а нам на денот на натпреварот секогаш ни носат нови топки”, рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус ќе има нов голман, ова се петте опции!

Во сенката на неуспешните преговори со Душан Влаховиќ и неговите евентуални алтернативи, р…