
Игор Тудор решително е насочен кон целосна реконструкција на тимот на Јувентус, и според извештаите на италијанскиот инсајдер Никола Шира, дури 12 фудбалери повеќе не се во неговите планови за следната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На списокот на фудбалери кои имаат можност да го напуштат клубот се наоѓаат: Матија Перин, Тимоти Веа, Даниеле Ругани, Тијаго Џало, Јонас Рухи, Филип Костиќ, Артур Мело, Даглас Луис, Фабио Мирети, Аркадиуш Милик, Самуел Мбангула и Душан Влаховиќ.
Тудор има намера да изгради компактна екипа, која ќе биде физички подготвена и тактички прецизно дефинирана. Играта би требало да биде интензивна, агресивна и со силен пресинг. Со продажбата на овие фудбалери, клубот ќе ја зголеми финансиската моќ за доведување нови засилувања.
Веќе постои интерес од други клубови за некои од играчите, и се очекува дека големата реконструкција на Јувентус ќе кулминира со почетокот на јули.