Дома Фудбал Голема вечер во Лисабон, Спортинг стави крај на приказната на Бодё/Глимт

Голема вечер во Лисабон, Спортинг стави крај на приказната на Бодё/Глимт

Спортинг им приреди на своите фанови извонредна вечер и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Португалците го победија Бодё/Глимт со 5:0 по продолженија во реваншот и со вкупен резултат од 5:3 продолжуваат понатаму. Во четвртфиналето тие ќе се сретнат со Арсенал или Бајер Леверкузен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Лавовите” доминираа сериозно низ целиот натпревар и создадоа многу шанси. Гонсало Инасио го отвори резултатот во 34-тата минута, а Педро Гонсалвеш постигна гол во 61-та минута.

Луис Суарес постигна трет гол во 79-тата минута од пенал и го израмни вкупниот резултат. Се дојде до продолженија кога на почетокот од првото Максимилиано Араухо го направи резултатот 4:0, а на крајот замената Рафаел Нел постигна петти гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Све…