Дома Фудбал Голем скандал го потресе турскиот фудбал: Уапсени фудбалери на Фенербахче и Галатасарај!

Голем скандал го потресе турскиот фудбал: Уапсени фудбалери на Фенербахче и Галатасарај!

Турција утринава беше потресена од голем скандал во фудбалот. Во неколку градови се спроведуваат апсења поврзани со обвинувања за наместени натпревари и обложување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓу приведените се истакнати фудбалери на Фенербахче и Галатасарај, Мерт Хакан Јандаш и Метехан Балтачи, како и судијата Зорбај Кучук, поради сомнителни финансиски трансакции на банкарски сметки. Според извори, Балтачи се обложувал на натпревари на неговиот тим, додека Јандаш користел легални платформи за обложување преку посредници.

Освен фудбалери и судии, приведени се и поранешниот претседател на Адана, како и раководители на Анкарасожор и нивните тренери, поради обиди за влијание врз исходот на неколку натпревари во изминативе години.

До утринава, најмалку 35 лица, вклучувајќи фудбалери, менаџери, тренери и поранешни функционери, се приведени, а претресите и одземањата на имот и натаму продолжуваат.

Целиот случај предизвика шок во турската фудбалска јавност, додека властите најавуваат понатамошна истрага за да се расчистат размерите на скандалот што ја потресе Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емоции до небо: Семејството на загинатиот аган го посети Давид кој му посвети гол (Видео)

Трагичната загуба на 13-годишниот Аган од кумановското село Черкези, кој го загуби животот…