Дома Фудбал Голем пресврт во кариерата на Леон Горецка!

Голем пресврт во кариерата на Леон Горецка!

Леон Горецка по 310 натпревари и осум години соработка ја напушти Баерн. Тимот од Минхен не му понуди продолжување на соработката, па германскиот фудбалер стана слободен играч.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одличниот играч од средината на теренот веќе имаше договор со АЦ Милан. Се чекаше само потврда на трансферот, но тоа засега нема да се случи затоа што во кампот на Росонерите владее прилично хаос и не се знае кој пие, а кој плаќа во клубот.

Распаѓањето на системот во клубот од Сан Сиро реши да го искористи Јувентус. Старата дама се обидува да го доведе во своите редови.

“Јувентус се обидува да го “украде” Леон Горецка откако му пропадна договорот со Милан. Германскиот фудбалер бара плата од шест до седум милиони евра годишно.”

Торинскиот клуб се обидува да го зајакне тимот и да тргне по титулата следната сезона. Сепак, нема да игра во Лигата на шампионите, но тука е настапот во Лигата на Европа и ќе видиме дали таквиот пат е интересен за германскиот фудбалер.

Јувентус е подготвен да го доведе во своите редови. Преговарањата се во тек и ќе видиме дали ќе успеат да го донесат.

За разлика од Милан, Јувентус е многу поодлучен во намерите да го комплетира трансферот. Раководството на клубот од Торино веќе воспоставила директен контакт со агентите на играчот и се подготвени да ги исполнат неговите финансиски барања, се разбира, со одредени бонуси поврзани со настапи, пласман во Лигата на шампионите и освојување трофеи во следните сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младата ѕвезда на Баерн се повреди, учеството на Мундијалот е под знак прашање

Германскиот тинејџер Ленарт Карл заработи повреда за време на денешниот тренинг и му претс…