Дома Моторспорт Голем гест: Ферари не го заборава Михаел Шумахер

Голем гест: Ферари не го заборава Михаел Шумахер

Михаел Шумахер на 3-ти јануари ќе наполни 50 години и на тој ден во негова чест Ферари ќе отвори изложба.

Германскиот возач го возеше болидот на овој тим од 1996 до 2006 година и освои пет од неговите вкупно седум титули.

Во Ферари тоа не му го заборавија и сега на споменатата дата Марнаело ќе бидат изложени најзначајните слики од кариерата на Шумахер.

„Михаел има посебно место во историјата на Ферари“, се наведува во соопштението од италијанската екипа.

Изложбата ќе го носи името „Михаел 50“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…