Дома Моторспорт ГОЛЕМ ДЕН: Мик Шумахер се договори со Ферари!

ГОЛЕМ ДЕН: Мик Шумахер се договори со Ферари!

Ферари наскоро ќе добие нов Шумахер!

Како што пренесуваат поголем дел од светските медиуми, Мик Шумахер постигнал договор со тимот за кој настапуваше неговиот легендарен татко, Михаел Шумахер.

Мик ќе стане дел од семејството на Ферари во клупската академија, поточно во делот за програмата на млади возачи.

Младиот Шумахер зад себе има фантастични резултати во останатите серии.

Во минатата сезона тој триумфираше во Формула 2, возејќи за Прем Рејсинг каде што ќе вози и оваа сезона.

Според договорот Мик ќе одработи две тестирања, а одредено време ќе мине и во нивниот симулатор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…