Дома Останати Кошарка Голден Стејт во „мајсторката“ го решија Хјустон за четвртфинале на плеј-офот (Видео)

Голден Стејт во „мајсторката“ го решија Хјустон за четвртфинале на плеј-офот (Видео)

Нов четвртфиналист во плеј-офот на НБА лигата е Голден Стејт Вориорс, кои вчера како гости во мајсторката славеа против Хјустон Рокетс со резултат 103:89.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Со тоа си обезбедија дуел со Минесота Тимбервулвс, кои претходно со 4:1 ги елиминираа ЛА Лејкерс, и станаа последниот тим во четвртфиналето.

Веќе во првиот дел Вориорс обезбедија двоцифрена предност, за да во третата четвртина Рокетс успеат да се доближат на три разлика.

Гостите потоа натпреварот го решија во своја полза во последната четвртина од натпреварот кога се „разбуди“ Кари.

Во првото полувреме постигна само три поени, но до крајот на натпреварот собра вкупно 22, со десет скока и седум асистенции.

Најефикасен на натпреварот беше Хилд со 33 поени и со извонреден процент на шут за три поени, девет од единаесет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Со години американските и европските медиуми зборуваат за катастрофалниот потег на Владе Д…