Дома Останати Тенис Ѓоковиќ уште еднаш покажа колку е голем и во поразот: Не сакаше да одговори на едно прашање

Ѓоковиќ уште еднаш покажа колку е голем и во поразот: Не сакаше да одговори на едно прашање

Новак Ѓоковиќ не сакаше повредата да му биде причина за поразот од Валентин Вашеро во полуфиналето на мастерсот во Шангај.

Беше очигледно дека Ѓоковиќ има проблеми со левата нога, неговата подвижност беше значително ограничена, а побара и медицински тајм-аут.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меѓутоа, кога новинарите го прашаа за неговата физичка состојба, кратко одговори:

„Следно прашање, ве молам“.

Новак очигледно не сакаше да користи оправдување за поразот од Вашеро, 204-тиот тенисер во светот, со резултат 6:3, 6:4.

„Сакам да му честитам на Валентин за пласманот во неговото прво финале на мастерс. Да се дојде до таму од квалификациите е неверојатна приказна. Му кажав на мрежата дека одигра фантастичен турнир, но уште повеќе дека неговиот став беше одличен. Играта исто така му беше извонредна. Сето тоа е негова заслуга. Му посакувам сѐ најдобро во финалето, а денес победи подобриот играч“, изјави Ѓоковиќ по својот 80. настап во полуфинале на еден мастерс турнир.

Вашеро, моментално на 204. позиција во светот, и стана тенисерот со најнизок ранг кој ќе игра финале на мастерс во историјата, а сега се предвидува дека ќе се искачи на 58. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер освои неверојатни 11 милиони долари од два турнира (Фото)

Поголемиот дел од играчите сонуваат дека во текот на кариерата ќе заработат десетцифрени с…