Дома Останати Тенис Ѓоковиќ соопшти одлука со која ги разочара фановите!

Ѓоковиќ соопшти одлука со која ги разочара фановите!

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, денес објави дека нема да учествува на престојниот Мастерс турнир во Мадрид поради рехабилитација од повреда на десното рамо.

“За жал, нема да можам да се натпреварувам во Мадрид годинава. Продолжувам со процесот на опоравување, со надеж дека наскоро ќе се вратам. Ќе се видиме брзо,” напиша Ѓоковиќ на своите социјални медиуми.

Мастерс турнирот во Мадрид е закажан за периодот од 20 април до 3 мај.

Ѓоковиќ веќе трипати го освои турнирот во Мадрид, и тоа во 2011, 2016 и 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…