
Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако попладнево лесно се справи со Камерон Нори и го победи Британецот со 6:2, 6:3, 6:2 по два часа и 10 минути игра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ стана најстариот тенисер кој стигнал до четвртфиналето на Ролан Гарос уште од 1971 година.
Со денешната победа во Париз, Новак стигна до 100 триумфи на Ролан Гарос, а повеќе има само неприкосновениот Рафаел Надал, кој го освоил овој турнир 14 пати.
Првиот сет го доби со 6-2, Ноле отвори со 4-1 и веќе беше јасно дека ова ќе биде негов меч. Во вториот сет Нори успеа да освои три сета (6-3), додека во последниот видовме уште поголема доминација.