Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ќе добие Златна виза и ќе се пресели во Атина

Ѓоковиќ ќе добие Златна виза и ќе се пресели во Атина

Грците гордо најавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во оваа земја со своето семејство и ќе започне ново поглавје во неговиот живот.

Грчкиот сајт „Glow.gr“ подготви огромна статија за Новак Ѓоковиќ, објаснувајќи ја позадината на неговата одлука да ја направи Атина своја нова база.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Заедно со сопругата Јелена, повеќе пати ја посетувал Грција, летувајќи на Крит и Миконос, и правејќи аџилак на планината Атос која има големо духовно значење за него.

Од 2024 година започнаа неговите официјални контакти со грчката влада за добивање на Златната виза, која во Грција е вид на програма што им овозможува на граѓаните од земјите надвор од Европската унија да добијат дозвола за престој во Грција преку инвестиции во недвижен имот.

Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тренерот потврди – крај на приказната: Познато дали Синер ќе се повлече од Вимблдон

Тенискиот свет остана во шок по информацијата дека Јаник Синер поради повреда го одложи тр…